184 земји се придружиле на иницијативата „Ковакс“

by fokus

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека 184 земји се приклучиле на „Ковакс“, глобална иницијатива на организацијата за правична дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, како во богатите така и во сиромашните земји.

– Фер дистрибуција на вакцини е најбрзиот начин да ги обезбедиме заедниците со висок ризик, да се стабилизираат здравствените системи и да се почне вистинско глобално економско закрепнување, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.

Тој додаде дека Еквадор и Уругвај се последните кои се приклучија на Ковакс.

Поврзани новости