92
18 затвореници, од кои некои се осудени на смрт, побегнале од затвор на Хималаите во областа Кашмир во Пакистан, соопштија денеска локалните власти.
Според официјалните лица, еден од избеганите имал пиштол со кој го совладал чуварот и ги грабнал клучевите од затворските ќелии.
Началникот на локалната полиција Ријаз Мугал изјави дека еден од затворениците починал ден претходно кога се обидел да побегне од затворот Равалакот.
Мугал рече дека е започната голема потера по сите избегани, шефот на затворот бил суспендиран, а неколку службеници биле задржани на сослушување.
Шестмина од избеганите затвореници биле осудени на смрт, а уште тројца служеле доживотна казна.