18 лица загинаа во рација на бразилската полиција во Рио де Жанеиро

by Fokus

Најмалку 18 лица се убиени во вториот по големина град во Бразил, Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција, цитирана од Ројтерс.

Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро вчера извршија рација во комплексот Алемао, група фавели во северниот дел на градот, како дел од операцијата против организирана криминална група осомничена за повеќекратни кражби и грабежи на банки, како и што се однесува до планирањето напади врз сиромашните квартови, се вели во соопштението на воената полиција.

Во акцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири авиони и 10 оклопни возила.

Поради големиот број загинати, оваа полициска акција поттикна истрага за можни прекршувања на човековите права, наведува британската агенција.

Поврзани новости