320
18-годишно момче од Скопје почина откако излетало од пат, управувајќи автомобил, а негови двајца сопатници се пренесени на Клинички центар.
„Ноќеска во 02:27 часот во Скопје на улица „Јадранска магистрала“ Д.К.(18) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот, по што Д.К. починал на местото на настанот, а двајцата сопатници од возилото се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Извршен е увид на местото на настанот“, велат од МВР.