18-годишник со автомобил излетал од патот и удрил во ограда па во паркирано возило

by Fokus

Денеска (03.07.2024) во 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип патничко возило „цитроен ц3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(18) од Штип, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда, па во паркирано патничко возило „волво“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.Д.(18) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани новости