385
МВР информира дека вчера, во 20.42 часот, во СВР Скопје, од итна медицинска помош било пријавено дека на улицата Тале Христов во Скопје имало повредено лице со остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 20.30 часот пред угостителски објект две лица физички го нападнале М.А.(18) од Скопје, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреди.
М.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.