18-годишник меѓу 31 починат пациент регистирани во изминатите 24 часа

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:  Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.

Поврзани новости