421
18-годишник со иницијали С.Ј. од село Парналија, Општина Карбинци, се здобил со повреди откако го удрила струја додека бил на работа во фабрика во индустриската зона „Македонка“ во Штип, соопштија од МВР.
„На 17.12.2018 година во 23,15 часот во ПС Штип било пријавено дека во Клиничката Болница Штип бил донесен С.Ј.(18) од кој истиот ден околу 22,45 часот додека бил на работа во фабрика во индустриската зона „Македонка“ во Штип , во близина на работната машина во мрежата за напојување со струја бил зафатен од струен удар. На С.Ј. му била укажана лекарска помош во Клиничка Болница-Штип“, информираа од таму.