412
МВР информира дека синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву матиз“, управувано од М.Б.(66) од Скопје и патничко возило „бмв“, управувано од М.С.(18) од с. Сарај, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.Б. и неговата сопатничка К.Б.(64) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле М.С. и нејзината сопатничка К.С.(47) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.