18-годишна девојка лажно пријавила 55-годишен маж дека со сила ја држел во неговиот дом

by Fokus

18-годишна скопјанка лажно пријавила 55-годишен маж од Тетово дека ја нападнал и со сила ја држел во неговиот дом.

На 19.01.2024 во 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје. Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Поврзани новости