383
Најмалку 18 последователни потреси со јачина над 4 се регистрирани по силниот земјотрес што ја погоди јужна Турција рано во понеделникот, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите држави (USGS).
USGS соопшти дека регистрирал седум земјотреси со јачина над 5 степени.
Најсилниот последователен потрес досега е регистриран само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS.
Експертите велат дека силните последователни потреси најверојатно ќе продолжат во следните часови, па дури и денови по земјотресот толку силен како оној што Турција го доживеа во понеделникот наутро.