63
Во текот на вчерашниот ден (13.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.