Приведено едно лице за двојното убиство во Охрид, но по убиецот се уште се трага

by Фокус

Оттаму додаваат дека се уште трагаат по убиецот, на кој што идентитетот му е познат.

-СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на лицето што е во бегство и за кое постојат основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „Убиство“ по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението на СВР Охрид.

Немилиот настан се случи синоќа, околу 23 часот, кога во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од пиштол, кое нелегално го поседувал, тешко повредил две лица кои биле во локалот.

Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош биле пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт.

 

Поврзани новости