448
Против 17-годишно момче од Виница се води постапка дека силувал 16-годишно девојче од Штип. Против него е поднесен посебен извештај.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе посебен извештај против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 22.08.2018 година околу 22.00 часот во домот на улица „Братство Единство“, во Виница, пријавениот извршил обљуба над 16-годишна девојка од Штип“, информираа од полицијата.