169 пријавени од Македонија за гласање на изборите во Бугарија

by fokus

169 гласачи од Македонија се пријавиле за гласање на петтите по ред предвремени избори во Бугарија.

Според списоците што ги објави бугарската Централна изборна комисија најмногу пријавени за гласање во Македонија има во Кавадарци 42, потоа Прилеп 41, Тетово 40, во Струмица 22, 15 во Скопје и 9 во Битола.

Ново на овие избори беше што Централната изборна комисија на Бугарија за првпат дозволи бугарски граѓани да гласаат дури и ако немаат никакви документи во моментот, туку само со пополнета изјава, која откако ќе се провери во бугарскиот конзулат ќе добијат уверение за да гласаат.

 

Поврзани новости