164 казнети возачи во Скопје, 88 за брзо возење

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за користење на мобилен телефон телефон при возење, две мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Поврзани новости