16-годишна девојка од Скопје отишла кај биоенергичар кој ја допирал по телото, градите и интимните делови

by Fokus

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје со нејзината тетка вчера била кај биоенергетичар во Битола кој врз неа извршил полови дејствија, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14.40 часот во СВР Битола е пријавено дека истиот ден околу 11. 00 часот 16-годишна девојка од Скопје со нејзината тетка од Битола, отишла кај М.Н– биоенергичар од Битола, при што истиот врз неа извршил полови дејствија допирајќи ја во пределот на градите, телото и интимните делови. СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости