251
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се осум мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.