15-годишник управувајќи мопед прегазил врсник

by Fokus

Петнаесетгодишно дете било тешко повредено откако било прегазено од мотоцикл што го управувал негов врсник, вчера во велешкот село Бузалково.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 21.30 часот во селото Бузалково, кога 15-годишник од селото, управувајќи мопед „кивеј“ со велешки регистарски ознаки, удрил во 15-годишниот пешак од истото село.

Во сообраќајката пешакот бил тешко повреден, а мотоциклистот се здобил со полесни повреди.

Поврзани новости