15-годишник од беровско ја натепал баба си и ѝ искршил покуќнина во домот

by irena 19:58
19:58

Жена од беровско која е старател на нејзиниот внук од ќерка вчера пријавила дека пред неколку дена физички ја нападнал.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 14:00 часот во ОВР Берово, 66-годишна жена од беровско село пријавила дека нејзиниот 15-годишен внук од ќерка, на кого таа му е старател, се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал, а пред неколку дена физички ја нападнал и искршил дел од покуќнината.

Известен бил Центарот за социјални работи Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Слични вести