15-годишник фатен во продавница како краде, го пријавил сопственикот дека му удрил шамари

by fokus

15-годишник од тетовското село Слатино, заедно со неговиот татко, 49-годишниот Е.П., пријавил во полиција дека сопственикот на дуќанот, каде што е фатен како врши кражба со неколкумина негови другарчиња, му удрил шамари.

Според полицијата 15-годишното момче и неколку негови пријатели влегле во дуќанот во понеделникот околу 21.40 часот, со намера да извршат кражба. Тие биле затекнати од сопственикот на продавницата во моментот додека ја вршеле кражбата. Дел од децата побегнале, а дуќанџијата го фатил само 15-годишникот, по што неколку пати го удрил по лицето.

Според пријавата на неговиот татко., на местото на настанот пристигнале и двајца полициски службеници и едниот од нив го удрил неговиот син.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

Поврзани новости