448
Долниот дом на рускиот Парламент усвои закон со кој се криминализира ширењето лажни информации кои ја дискредитираат руската војска и какви било повици за санкции против Русија, објавија во петокот државните новински агенции ТАСС и Риа Новости.
Оние кои се обвинети за кршење на новиот закон може да се соочат со парични казни од 1,5 милиони рубљи (околу 14.000 долари) или затворски казни до 15 години, објавија ТАСС и РИА.
Што ќе се случи следно: Законот ќе биде доставен до Горниот дом на Парламентот и, доколку биде одобрен, ќе биде доставен до рускиот претседател Владимир Путин за негов потпис.