15 физички и 7 правни лица осомничени за злопотреба на службена должност и перење пари за „Скопје 2014„

by Fokus

До судија на претходна постапка поднесени се повеќе барања за претреси, барања за привремено одсемање имот и итна конфискација, замрзнување на банкарски сметки и удели во други правни лица, како и предлози за определување мерки притвор како и други мерки за обезбедување на присуство за осомничените, рече обвинителот Љубомир Лапе на деншената прес конференција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОК).

Тој објасни дека за овој предмет под кодно име „Феникс“ е побарана и меѓународна правна помош од пет странски држави.

Обвинителот рече дека во овој предмет на ОЈО ГОК се спроведува постапка против 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои има и еден државјанин на Италија и три италијански правни лица.  Истрагата за нив е поради осовано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување по челн 353 став 5 од Кривичниот законик и перење пари и други приноси од кривично дело по член 273 од Кривичниот законик.

„Врз основа на прибавените докза произлезе основано сомнени дека од втора половина на 2007 до 2013 година во Скопје првоосомничениот искористувајќи ја својата реална моќ како претседател на Влада на Република Македонија и претседател на политичка партија која тогаш била на власт заедно со своите блиски владини и партиски соработници, заменик претседател на владата и министер за финансии, државен секретар во Министерството за култура, а подоцна и министер, како и тогашен претседател на Советот и советник во Општина Центар, градоначалник на Општина Центар и други лица  се поврзалче со цел остварување на политичка и финансиска корист“, рече Лапе.

Во тоа време претседател на Владата беше Никола Груивески, министер за финансии беше Зоран Ствревски, а државниот секретар кој подоцна стна Министер за култура беше Елизабета Канческа Милевска.

Под превезот на историското и државотворно значење за личностите за кои се подигнуваат спомен обележјата, осомничените почнале со реализаија на проект познат во јавноста како „Скопје 2014 “, а за кој реално не постои писмен документ, проект, одлука или програма од надлежен државен орган. Преку Министерството за култура и третоосомничената се подготвувале и реализирале иницијативи за изградба на спомен обележја  под изговор дека се работи за спомен обележја од локално значење за жителите од Општина Цнетар, иако станувало збор за личности кои се значајни за државата. иницијативите спомениците се поднесувани до Општина Центар и како резултат на тоа почнале постапкиу за подигнување меморијални споменици за кои единствено надлежно е Собранието.

Со владини одлуки без утврдена програма од влада преку прво и  второ осомничените како овластени предлагачи на буџетот предлагале предлог закони за донесување буџет во кои се содржела однапред планирана неправилна расптределба на средства, предлагале, донесувале и потпишувале незаконите владини одлуки со кои директно или преку Министерството за култура трансферирале средства до Општина Цнетар, заобиколувајќи го собранието осомничените си обезбедиле финансисски средства од државни буџет со кој го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски префрлиле на Општина Центар 3 милијарди 547 милиони 390 илјади денари или околи 57,6 милиони евра. Со цел да се пшрикаже дека тоа е проект на Општината  а не наВладата трето осомничената а подоцна и шестоосомничениот како градоначалници на на општина Центар ги прифатиле однапред неправилно распределените финансиски средства. Парите од Министерството за култура и од буџетот на државата без законски основ и без да се отворат посебни наменски сметки ги примиле како капитални дотации. Со тоа ја заобиколчиле парламентарната контрола врз процесот на планирање и трошење на буџетските сресдтва.

На тој начин целосно го нарушиле начелото на подлеба на власта на законодвна и извршна и локалната самоуправа како темелна вредност на Уставниот поредок, а во исто време од стручната јавност и граѓаните го прикриле вистинскиот износ за реализација на наводниот проект.

Пето и шпестоосомничените како службени лица градоначалници на Општина Центар четврто осомниченмиот како претсетале на Совет на Општина Центар потикнати од други лица при вршење на јавните набавки стори продолжено кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување.

Тие спровеле незаконити јавни набавки за избор на економски оператор леарница. При изборрот прифатиле понуди со нереални цени од оператор кој не ги исполнува условите, ниту имал комплетни понуди, а ги отфрлале сите останите. Во ова биле помогнати од осмосомничениот, кој е италијански државјанин и кој им ги ставил на располагање своите правни лица преку кои во име на повеќе други правни лица поднесувал однапред договорени понуди и потпишувалч договори иако знаел дека дел од нив воопшто немаат регистрирано дејност леее или изработка на споменици. Подоцна со поддоговори работата ја префрлал на други леарници со далеку пониски цени. а лажно прикажувал дека изработката е од неговите правни лица.

Обвинителот Лапе рече дека на тој начин тие се здобиле со противправна корист од 16, 1 милион евра.

„Од 2008 до 2015 година дел од осомничените се занимавале со перење пари биле поврзани во заедничко делување на домашни и странски физички и правни лица, преку кои во повеќе наврати пуштиле и примиле пари во оптек прибавени од кривично дело прибавени од злоупотреба на службена должност и овластување во вредност од 16,1 милион евра. Тие прикриле дека парите потекнуваат од нелегален извор и нивната локација, движење и сопственост. Додека се вршеле плќањата за спомениците во странство дел од валканите пари во висина од милон и се занимавле со перење пари во домашни и странски правни лица во повеќе пари пуштиле пари во оптек од осмосомничениот од кривично дело од 16, 1 милион евра“, рече обвинителот Лапе.

 

Поврзани новости