1475

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате

by fokus

Новиот број на неделникот „Фокус“ можете да го купите и во електронска верзија на овој линк

СРЕЌНА НОВА „49“
Почнавме со двојно убиство, упад и тепачка во Македонска навигација, закани за штрајк на контролорите на летање, нови директори на М-НАВ и на крај контроверзниот политичар Срѓан Ного.

КРВАВИТЕ РАЦЕ НА ПАЛЧО
После обелоденување на двојното убиство, нашите сознанија говорат дека се проверуваат нерасветлени случаи, како што е исчезнувањето на скопјанецот Роберт Плескоњиќ пред точно 2 години, кој претходно имал интензивна комуникација со Љупчо Палевски.

М-НАВ
Македонското небо сепак остана отворено за прелети откако владата разреши двајца директори на М-НАВ. Единствено што е различно што зградата сега ја обезбедува МВР, но заедно со кичевската агенција „2 СС Кичево“ која најголеми тендери добива од ДУИ.

АДЕМИ ГО ВРАЌА УДАРОТ
Додека се кршат копјата во Судскиот совет за разрешувањето на претседателката на Врховниот суд, се чини ниту Адеми не седи со скрстени раце. Според информации на „Фокус“, поднесена е кривична пријава за политички притисоци врз врховните судии.

НЕУСПЕШЕН ТЕНДЕР
Поради еколошките обврски да расчистиме со јагленот до 2030 години, „Чебрен“ ни е неопходен час поскоро, не само како произведувач, туку како балансер на сѐпоголемиот процент енергија базирана на фотоволтаиците. Со оглед дека централата не може да се изгради под 7-8 години, неопходно е да се почне веднаш.

БАШИБОЗУК
Таму каде што има башибозук, луѓето се посклони да поддржат предлози за храбри, па дури и луди реформи. А онаму каде сѐ е во најдобар ред, никој не сака да ризикува со реформи што може да внесат неред, дури и ако тоа е само привремено.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ако Западот одлучи да остави на изборниот процес да си го каже своето, ќе се случи барем „вентилирање“ на политиката преку евентуална смена на нејзините носители по која следува добро познатата пресметка со политичките непријатели.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Инфериорната претенциозност, лицемерие и чокајлиски менталитет на Македончето генерира дискретна идолатрија кон апашите, корумпираните и паламудчиите. Криво му е само што не е на нивно место да ги брца рачињата во медот.

Ана ПАНОВСКА
Тоа сукалото на гордоста ќе заигра и ќе нѐ суреди по принципот – десет удри, едно брои! Првото „едно“ за броење е судството. Судски совет метла, Совет на јавни обвинители лопата, Обвинителство јака правосмукалка…

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ додека е поважно што ќе каже „лидерот“ од тоа што велат законите, нема да има, не само правна држава, туку држава, воопшто! Само гол партиски бандитизам.

Перо КОСТАДИНОВ
Убедувањето на повеќето политичари дека поседуваат отпор кон отстапувањата што позицијата може да ги произведе, е главно пропорционално на нивните амбиции.

Поврзани новости