980
Наставничка од основно училиште во Кавадарци е позитивна на корона вирус, а 14 првачиња на кои им предавала остануваат во изолација во наредните две недели. Сите мерки околу дезинфекција на училиштето биле преземени, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Покрај наставничката, во Кавадарци денес се регистрирани уште два случаи на вирусот, на возраст од 30 до 61 година, а во Неготино е позитивна жена на возраст од 31 година. Се работело на утврдување на нивните контакти.
Ова е втор случај на позитивна наставничка во истото училиште во Кавадарци оваа недела. Првиот беше регистриран пред два дена, кај наставничка која предавала на второ одделенци, по што следуваше изолација за 16 ученици.
В.К.