14 прасиња и 60 кокошки изгореа во кумановско

by fokus

Малата фарма на 63 годишниот С.Н. во кумановското село Кшање вчера ја зафати пожар во кој настрадаа 14 прасиња и 60 кокошки. Пожарот дополително бил испровоциран од казанот за ракија кој изгорел во огнот.

При гаснењето сопственикот се здобил со површни изгореници во пределот на рацете и лицето, информираат од Министерството за внатрешни работи. Пожарот бил локализирал од страна на противпожарната едница.

Поврзани новости