504
Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска соопшти дека 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта.
Министерката на прес конференција рече дека во Центарот за социјална помош иако знаеле дека лицата се починати и натаму им била исплаќана социјална помош.
-Наште служби направија проверки во неколку Центри за социјална помош и пронајдоа голем број злоупотреби. 134 лица од Тетово добивале социјална помош речиси две години по смртта, а дел од нив се уште се наоѓаат во Избирачкиот список. Ова е само дел од она што го пронајдовме, а во текот на следните денови ќе објавиме злоупотреби и во други градови, изјави Ременски.