13 лица нападнале службено лице во Струмица со дрвени стапови, метални шипки – помагало и малолетно лице!

by Fokus

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено лице – криминалистички техничар во МВР-СВР Струмица кој излегол на лице место во селото Баница за да фотодокументира пронајдени кошови со пчели – предмет на пријавено кривично дело „Кражба“. Осомничените со дрвени стапови, метални шипки и други предмети најпрвин започнале да удираат врз полициското возило.

Во еден момент, додека службеното лице се обидувало да се легитимира, еден од осомничените ја отворил возачката врата, насилно му ја одзел легитимацијата и мобилниот телефон, а потоа почнал да го удира со тупаници по главата и по телото. Потоа го извлекле криминалистичкиот техничар од возилото, го турнале на земјата и продолжиле да го удираат со тупаници и со разни предмети. Во тоа се придружило и едно малолетно лице против кое се води посебна постапка. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе тешки телесни повреди.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица донесе решение за кое на петмина од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

Поврзани новости