594
13 годишно момче се здобило со тешки телесни повреди, откако управувајќи мопед удрило во бетонски ѕид. При ударот, тешко било повредено и веднаш пренесено на Клинички центар во Скопје, пренесуваат од МВР.
На 19.08.2018 година во 20,50 часот во Струмица на улица „Цветан Димов“, 13 годишно лице од село Сарај, струмичко , управувајќи мопед „ВОГ“ без регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид од куќа. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.