13.000 денари од светиот крст од Кавадарци за младиот Марио од Дреново

by fokus

Светиот крст кој се фрлаше во водите за време на верскиот празник Водици во Кавадарци му донесе 13.000 денари на 17-годишниот Марио Ристов од село Дреново. Марио, кој е лице со попреченост ја доби донацијата од хуманите граѓаните, кои за здравје оставаа пари покрај изложениот крст на градскиот плоштад.

Иницијативата средствата да завршат во хумана цел беше на Александар Ристески, кој годинава по трет пат успеа да го фати крстот.
-Благодарение на хуманите граѓани на Кавадарци и околните општини, ги предадовме донациите за Марио Ристов – информираше Ристески.

Семејството на Марио се наоѓа во тешка состојба и ова не е прв пат хумани граѓани да му понудат помош.
На име на неговиот татко е отворена хуманитарна жиро сметка, каде сите кои што се во можност, можат да донираат, со цел Марио да има подобри услови за живот:

Каме Ристов, сметка број 370000017524727, Еуростандард банка, со назнака донации.

Вики Клинчарова

Поврзани новости