СДСМ и Зоран Заев манипулираа со граѓаните пред изборите ветувајќи бесплатно болничко лекување за сите граѓани, уште во првите 6 месеци од преземањето на власта. Поминаа 9 месеци, проектот сè уште не е реализиран, ниту има најави за негова реализација. Бесплатно болничко лекување нема. Бесплатното болничко лекување беше уште една шарена лага на Зоран Заев, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста е сведок на затворени одделенија во болниците, па дури и безмалку цели клиники како во случајот со Неврохиругија, чести недостатоци на лекови за ретки болести, инсуфициенција на инсулин, медицински апарати кои поради негрижата на власта не се сервисираат и подолг период се нефункционални, како во случајот со компјутерскиот томограф во болницата во Охрид и целодневни парализирања на системот ‘Мој термин’. Состојбата е алармантна, а власта ништо не презема. Квалитетните здравствени услуги и грижата за здравјето на граѓаните се обврска за државата, а право на граѓаните – изјави Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.