12 заразени од морбили само за една недела во Штип

by Fokus

Дванаесет заразени од морбили само за една недела се регистрирани во Штип. Од нив шестимина со потешка клиничка слика се хоспитализирани на инфективното одделение. Сите новозозаболени се над 30 години.

Меѓу нив има хигиеничарка од основно училиште и текстилни работници. Со нив состојбата посебно се следи бидејќи сите се превезуваат со исти автобуси. Од штипскиот центар за јавно здравје  веќе ги вакцинираа наставниците, а дополнително се вакцинирани и околу 500 граѓани.

Поврзани новости