1.5K
12 ипол години затвор доби лицето, кое пред речиси една година изврши полов напад врз ќерката на актерката, Весна Петрушевска, објави актерката на својот Фејсбук профил.
-После точно една година борба, емотивни страдања, правен процес, денес имам јас и Мина голема победа! 12 години и 6 месеци казна! Ова е приказна која охрабрува и дека не треба да се кријат работите… прво и прво и единствено е правото на детето!#стоппедофилија!Мина те сакам ти си мојот херој, лавице моја !Благодарам на поддршката, напиша Петрушевска на својот профил.