619
Вчера во СВР Битола било пријавено дека претходниот ден околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола бил донесен починат 12-годишник од страна на неговите родители. Се работи за семејство од битолското село Лера.
Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.