Девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признаа убиството извршено врз 12-годишната Луиза, чие тело во неделата беше пронајдено мртво во близина на нејзиниот дом во сојузна покраина во Германија, соопшти полицијата.
По првото испрашување девојките дале спротивставени изјави, а по второто испрашување го признале „делото“, изјави портпаролот на полицијата во Кобленц.
Засега ништо не се знае за мотивот околу ова злосторство, а се трага и по ножот со кој наводно е извршено убиството.
Државниот обвинител Марио Манвејлер објасни дека двете девојчиња не се кривично одговорни поради нивната возраст.
„Тоа не значи дека ништо нема да им се случи. Тие се во рацете на младинскиот центар за благосостојба“, рече Манвејлер.
Државниот правобранител рече дека се работи за „посебно кривично дело“.
Дванаесетгодишната Луиза е пронајдена во неделата наутро во близина на нејзиниот дом. Најпрво се сомневаше за сексуален престап, но обдукцијата не ги потврди сомнежите.
Луиза исчезна во саботата додека одеше дома од куќата на пријател. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавила ниту на својот мобилен телефон.
Беше започната потрага во која учествуваа поголем број полициски службеници.