За 24 часа во ковид центрите во Скопје биле хоспитализирани 87 заразени со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Вкупно 686 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Поврзани новости