1.4K
Хрватскиот ракометен интернационалец од клубот Бутел се бори за живот во една од скопските болници, откако наводно бил претепан вчера во Скопје.
Од клубот потврдиле дека Тот се наоѓа во критична состојба и дека е претепан, но не кажуваат повеќе детали.
Според неофицијалните информации, како што објави МИА, Тот има бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно е удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.
За повредите на Денис, потврда стигна и од неговиот брат Борис Тот кој игра во Холандија.
– Родителите се на пат за Скопје. Немаме премногу информации за тоа што се случи, кусо соопшти братот на повредениот ракометар.
Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот. МИА