Одреден притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

by fokus

Од Кривичниот суд информираат дека е одредена мерка притвор за двајцата осомничени за случајот „Јавна соба“, кои вчера беа уапсени, а сомнежите се дека едниот бил креатор, а другиот администратор на групата.

„По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на :

Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, информираат од Кривичниот суд.

Поврзани новости