Полициски час во пет струшки села, жителите не ги почитувале препораките за корона вирусот

by fokus

Струшките села Лабуништа, Подгoрци, Боровец, Октиси и Јабланица од вечерва се под посебни мерки, односно полицијата ќе врши зачестено легитимирање, бидејќи жителите не ги почитувале препораките за самоизолација.

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, месните заедници на пет струшки села на зеднички состанок, со претставници на МВР од овој регион, решиле да се преземат посебни мерки.

„Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во селата Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица. Доколку се констатира дека лицата не се придржувале до препораките, може да се соочат со кривична одговорност, односно со затворска казна до една година“, се вели во заклучоците.

Месните заедници на петте струшки села бараат разбирање од населението и укажуваат дека мерките кои ќе се преземат се со цел да се превенира ширење на вирусот КОВИД 19.

Поврзани новости