Вистинска драма се случувало вчера утрото кога, околу 10.20 часот, избувнал пожар во семејна куќа во Скопје, а во неа сами биле пет малолетни деца. Штом го забележале огнот соседите веднаш реагирале и ги извлекле децата на сигурно.
Според информациите од МВР, пожарот избувнал во куќа во сопственост на 48-годишниот А.Џ. на ул.„Брсјачка Буна“.
-Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект. Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот, велат од МВР.