790
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес конференција наменета за соработката со ЕУ за справување со пандемијата на Ковид-19, најпрвин истакна дека синоќа од Брисел стигнала добра вест, односно отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.
-Дозволете прво да соопштам една убава вест, односно доцна вечерта од Брисел добивме информација дека, во вакви невообичаени услови, претставниците на земјите членки постигнаа консензус за отпочнување на преговорите за Северна Македонија, едногласно сите 27 земји. Конечно после 15 години, после сите разлики, почнуваме со преговорите, рече Османи.
Тој додаде дека почетокот на преговорите е безусловен, и дека сепак треба да се почека да добиеме и формална потврда.