Од Јавното обвинителство информираа дека во моментот преземаат истражни дејствија за терористичкиот напад во Дива населба, во Куманово.
Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Казнениот законик. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по примената кривична пријава ги презема сите потребни истражни дејствија согласно закон, се вели во соопштението на обвинителството.
Оттаму додаваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дополнително ќе ја извести јавноста за преземените дејствија, кои во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.