957
Откако беше извлечено безживотното тело на 20-годишната девојка од Гостивар, која ноќеска паднала во Вардар, неколкун часа подоцна е извадено и мртвото тело на 45-годишниот маж кој скокнал за да ја спаси.
Безживотното тело на девојката било најдено кај селото Старо Чајле, околу четири часот по полноќ покрај брегот на реката Вардар. На местото пристигнала брза помош каде само ја потврдиле смртта кај жената. Потрагата во раните утрински саати продолжила по 45 годишниот маж чие тело денеска околу пладне бил најдено помеѓу местата Форино и Чегране во водите на Вардар.
Надлежните истражуваат дали помеѓу мажот и жената имало поврзаност и која била причината за трагедијата. Двете тела се дадени на обдукција.