МВР за екс директорката на Кожната клиника достави поднесок до Обвинителството

by Fokus

МВР достави поднесок -информација до Обвинителствоти за екс директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска, затоа што не се самоизолирала, кога се вратила од скијање во Италија, што е спротивно на владините препораки, потврдија од МВР.

Таа веднаш по враќањето од Италија, на 29 февруари, тргнала на работа, а наредната сабота, ден пред да заврши на Инфективната клиника држела предавање на симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.

Поради тоа што Биљановска веднаш не се самоизолирала, во домашна иззолација завршија околу 200 лица, кои досега немаат никакви симптоми на заболување од корона вирусот. Тие 14 дена инкубација завршуваат во недела.

Поврзани новости