(ВИДЕО) Мицкоски: Владата не знае каде тера!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното видео-обраќање истакна дека состојбата со заразата од Ковид-19 е алармантна, а Владата нема план како да се справи.

-Народски кажано, Владата не знае каде тера. Огромниот број на заболени само потврдува дека работите излегуваат од контрола. Секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата, рече Мицкоски.

Тој смета дека уште пострашно е што Владата вели дека ги знае кластерите, а според него, бројката на заразени не го потврдува тоа.

Видео обраќање

Катастрофата во здравствената состојба се пресликува и во економијата

Publiée par Hristijan Mickoski sur Samedi 6 juin 2020

Поврзани новости