Мицкоски преку приказната за дедо Стојан раскажа за тешкиот живот во Македонија

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Прилеп. За посетата, Мицкоски информираше преку својот Фејсбук профил.

-Едногласен е впечатокот за тешкиот живот на граѓаните, овде во реалноста, излегувајќи од розевата слика на власта, наспроти фингираните прослави со кои се слават поразите, е нова борба за живот на дневна основа, нова грижа, нова несигурност и неизвесност за тоа како ќе се преживее денот. На пазарот го сретнав стариот пазарџија Стојан кој со своите 80 години стои на жешкото сонце и продава намирници, вели не дека сакам, но имам внучиња за гледање, се борам да ги задржам тука бидејќи нивните врсници одамна заминаа. Друг ми вели ако тука на пазарот со моите две раце не заработам за живот никој нема да ми помогне, нема да дојде иднина ако сам не си ги засукам ракавите, бајките на власта се едно, но овде е реалниот живот.

Се сретнав и со младите кои ми кажаа дека Прилеп е запоставен град од власта, шајка не закова владата и општината во последниов период, а како тргнало сигурно нема ниту да биде подобро. Со грутка во грлото зборуваат и за достоинството и честа кое владата го одзема со договорот со Грција. Велат без иднина, и без името Македонија е истото како на дрво да му го одземете коренот, ниту ќе расте ниту ќе дава плодови. Им велам може и мора да биде подобро. А Македонија има сила, а силата е народот. Има и мудрост. Од нас зависи, од сите нас за тоа каква иднина ќе градиме, Македонија мора да стане на нозе, Македонија со силна економија, и среќни граѓани, напиша Мицкоски на фејсбук.

 

Поврзани новости