Мирчевски е осомничен и дека го злоупотребил и владиниот авион за приватни цели

by fokus

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски, ноќта ќе ја помине во помициска станица, а утре ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Приведувањето на Мирчевски следи откако Финансиската полиција во координација Основното јавно обвинителство Скопје денеска против него поднесе кривична пријава со која тој се товари за четири кривични дела.

Имено, Мирчески се товари за примање поткуп, фалисфикување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, извршени додека раководел со СОЗР.

За проневера во службата тој е осомничен бидејќи бидејќи од 1 јануари 2022 до 13 јуни 2024 година во повеќе наврати давал лажни податоци за наводни службени патувања и потпишувал барања за резервации на хотели, авиобилети, изнајмување рент-а-кар возила, како и решенија и налози за службен пат во странство. Со тоа, Мирчески, според Финансиската полиција, го оштетил буџетот на Службата за општи и заеднички работи за околу 1,8 милиони денари (околу 30 000 евра).

Но она што е значајно според Управата, е дека Мирчевски во неколку наврати, за приватни цели го злоупотребил и владиниот авион.

За реализација на некои од патувањата за кои се терети дека сторил кривично дело, го злоупотребувал и владиниот авион, кој е сопственост на СОЗР, дознава,,Фокус”.

В.В.

Поврзани новости