54
Од МВР информираат дека е упасен Германец кој со дрон ја снимал караулата на АРМ во Радожда.
-На 05.08.2026 во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.