Бројот на заразени од корона вирусот надмина 3.000, а активни се 1.226 случаи

by fokus

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот надмина 3.000 случаи, а бројот на активно болни се искачи над 1.200.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.025, бројката на оздравени пациенти е 1.646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226, информираат од Министерството за здравство.

Статистиката покажува и дека излечени се повеќе од половина заразените, односно 1.646, а 153-ца ја изгубија битката со вирусот.

По градови, статистиката е следна:

•       Скопје 1264, активни 658
•       Куманово 556, активни 140
•       Дебар 52, активни 1
•       Штип 174, активни 136
•       Прилеп 218, активни 27
•       Тетово 281, активни 119
•       Струга 98, активни 25
•       Велес 144, активни 30
•       Битола 30, активни 3
•       Охрид 31, активни 14
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 50, активни 29
•       Гевгелија 6, активни 2
•       Струмица 5, активни 2
•       Крива Паланка 7, активни 1
•       Радовиш 4, активни 0
•       Крушево 3, активни 0
•       Кочани 51, активни 20
•       Пробиштип 5, активни 3
•       Демир Хисар 1, активни 0
•       Македонски Брод 2, активни 0
•       Пехчево 3, активни 0
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 3, активни 2
•       Виница 3, активни 1
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 3, активни 2
•       Кичево 3, активни 1
•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Поврзани новости