Бизнисменот Мицевски на распит за „Рекет“: Ќе си ги барам парите!

by fokus

Откако заврши распитот на водителката Лила Филиповска, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дојде и бизнисменот Силјан Мицевски, кој е повикан на распит за случајот „Рекет“.

Пред да влезе во зградата на обвинителството, Мицевски, на новинарите им кажа дека парите, 720.000 евра, не ги уплатил на сметка на пензионерката Лилјана Тодоровска, туку на Меѓународниот сојуз. Бизнисменот истакна и дека ќе бара парите да му бидат вратени назад.

Бизнисменот беше повикан на распит по барање на Обвинителството.

Во случајот „Рекет“ засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Поврзани новости